Уништени сите слики за убиството на Бин Ладен!

popara11 февруари, 20141min00
650486_bin_laden_foto610x342

Единаесет дена откако американската елитна единица го ликвидирала Осама бин Ладен во 2011 година, американскиот командант за специјални операции, адмиралот Вилијам Мекрејвен на 13 мај 2011 година им испратил и-мејл на своите офицери да ги уништат фотографиите на кои е прикажано мртвото тело на Бин Ладен или да ги предадат на ЦИА.

Сето ова се случило откако активистите барале слободен пристап до информациите поврзани за убиството на водачот на Ал Каеда.

Групата која барала слободен пристап до информациите поднела судски тужби, а за тоа време владата во САД тврдела дека сите информации поврзани со овој случај мора да останат тајна.

На крајот Пентагон морал да понуди некаков одговор така што било изјавено дека единствениот достапен документ е и-мејлот во кој адмиралот наложил уништување на сите фотографии или нивно предавање на ЦИА.

Сепак, активистите не се откажуваат од правната борба и бараат да се утврди под кои околности биле уништени фотографиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *