Џорџ Клуни: Да и се врати на Грција мермерот од Партенон!

popara12 февруари, 201417min00
5

Актерот Џорџ Клуни гостувал во Берлин по повод премиерата на неговиот нов филм и во таа прилика искоментирал дека Велика Британија треба да ги врати мермерните склуптури кои Грција со децении и безуспешно се обидува да си ги врати.

“Не би било лошо мермерот од Партенон да се врати во Грција, која има право да бара да и се вратат овие уметнички дела. Мислам дека е одлична идеја склуптурите да се вратат во Грција. Тоа би било фер и убаво дело. Да, мислам дека токму тоа треба да го направите!“ – изјавил Клуни во Берлин.