
Според Диксон, фотографиите во прилог се вистински и станува збор за новиот дизајн на iPhone 6. Како што може да забележите, постојат уште потенки граници од горниот и долниот дел, а границите од левата и десната страна на екранот скоро и воопшто да не постојат.
Доколку фотографиите се вистинити, тогаш новиот iPhone ќе има поголем екран од 4 инчи и ќе биде потенок од iPhone 5s. Ова е во согласност со шпекулациите дека Apple оваа година ќе промовира две верзии на iPhone 6 – едната со 4,7 инчен екран, а другата со 5,5 инчен.
