
На модната писта во Њујорк вчера продефилираа и моделите на познатиот Ралф Лорен чија колекција за есен/зима – 2014/2015 го привлече вниманието на фановите на лежерната мода.
Колекцијата во која доминираат кафената и црна боја, изгледаат опуштено, а судејќи според она што можевме да го видиме, хеланки, предуф јакни, кожени панталони и детали како големи торби, баретки и чевли на платформа се она што ќе имаме шанса следната зима да го видиме по улиците.
























