Што сака да ви каже со подарокот за Свети Валентин?

popara14 февруари, 201418min00
7

Еве што сака да ви каже ако ви подарил:

Парфем: Сакам да си до мене!

Има многу видови козметика, која можел да ја избере. Но тој избрал парфем. Да подариш мирис е нешто многу интимно и лично. Со тој подарок тој ви покажува дека сака долго време да сте заедно и да го чувствува вашиот мирис.

Долна облека: Нека летаат пердуви!

Тој сака да ве натера да се чувствувате секси, а таа желба најчесто е придружена од грижата дека не сте доволно палави во кревет. И тој решил да го смени тоа. Оваа вечер треба да ја облечете долната облека и да му покажете што умеете!

Какво ви каза той с подаръка си за 14-и?

Чоколадни срца: Јас сум во основно училиште!

Чоколади може да ви подари баба ви или тетка ви, но не и мажот до вас. Со таа кутија бомбони, без разлика што има форма на срце, тој сака да ви предложи да бидете само пријатели. Или едноставно не е зрел емоционално.

Накит: Време е за веридба!

Нема храброст сеуште да ви купи дијамантски прстен, но обетки или ланче, како и алка се доста сериозни знаци. Вереничкиот прстен очекувајте го сосема наскоро.

Цвеќе: Сакам да ти покажам дека сум добар!

Тој навистина ве сака и сите го знаат тоа. Сака да ви каже дека ве сака, а сексот вчера му бил фантастичен. Со цвеќето тој ви вели: Благодарам! Се радува дека ве има во своите раце и нема да ве пушти лесно!

Какво ви каза той с подаръка си за 14-и?

Прибор за во кујна: Удри ме со тавчето по глава, јас сум идиот!

Сакате ли коментар за нешто вакво? Подобро да се воздржиме!

Лосион за тело или гел за туширање: Се плашам да купувам подароци!

Тотално отсуство на креативност. Ова комплетче го купил сигурно за мајка му, но не и го подарил. Тој знае дека сакате козметика и се надевал дека ќе ви се допадне и дека ќе се радувате ако мирисате убаво после туширање. Но не. Ова можете и сами да си го купите.

Таблет, мобилен или друг уред: Јас сум стабилен маж!

Тој знае дека имате потреба од тоа (евентуално) и поради таа причина решил да ве избави од лутањето низ мрежата и барањето на соодветен модел. Затоа ви го купил она од кое имате потреба. Другото значење на овој одарок е дека не го бива да избере долна облека – но го бива за уред. И, да, ве сака!

Масажа: Имам чувство дека те нервирам!

Тој сака да се опуштите и да се релаксирате, зошто и сам гледа дека во последно време сте нервозна и напната. Можеби исто така е загрижен дека донекаде и тој самиот е причина за тоа. Но барем е свесен!

Какво ви каза той с подаръка си за 14-и?

Патување: Јас сум супер романтичен!

Навистина е романтичен, нема да го оспориме тоа. Ако ова се случи во почетокот на врската тоа сигурно е знак дека има намери за сериозна врска. Сака да е некаде само со вас и да ви покаже дека сте специјална жена за него.

И така, што ви подари вашиот сакан?