Наставничка (37) ќе оди во затвор, родила дете од својот 14 годишен ученик!

popara14 февруари, 201417min00
8

Варшава – На наставничката од гимназијата во Калиша, Полска и се заканува 12 годишна затворска казна затоа што стапила во љубовна врска со свој ученик и му родила дете.

Обвинителството ја обвинува за сексуален однос со малолетник под 15 години, бидејќи ученикот минатата година за време на романсата имал само 14 години.

Полицијата ја започнала истрагата уште минатата година врз основа на информацијата објавена во еден локален весник дека таткото на бебето кое го родила наставничката е нејзин ученик кој присуствувал на пораѓајот.

Наставничката и ученикот не негирале дека бебето е нивно заедничко, ни својата љубовна врска. Психијатрите утврдиле дека жената немала психички проблем, но изјавиле дека како олеснителна околност ќе се смета тоа дека тој период изгубила сакан човек од семејството. За ова кривично дело ја очекува затворска казна од 12 години.