
Фотографиите кои ќе ги видите ќе ви покажат што е среќа. Но погледнато од една поинква перспектива. Една мрачна перспектива…
Затоа понекогаш имаме потреба од еден јак шамар за да се освестиме и да сватиме дека сме среќни. Понекогаш имаме потреба од нешто што длабоко ќе не растресе, за да сватиме дека немаме време за губење за самосожалување и кукање…
Секоја минута, секој миг живејте со благодарност за тоа што го имате! Бидејќи во спротивно судбината може да не научи да бидеме среќни на потешкиот начин…
Потопете се во емоциите на овие фотографии кои ги собрале во себе трогателните човечки судбини.
Оваа фотографија е наречена “Бакнежот на животот“. Таа ја запечатила смелата постапка на еден работник кој спасува свој колега со дишење уста на уста. Благодарение на тоа, неговиот колега живеел уште 35 години.

Германски воени пленици кои се натерани да гледаат рапорт од концлагерите. Дури само глетката е неподнослива за повеќето од нив.

Војникот ја држи раката на својот пријател кој умира…

Ова дете свири на погребот на својот учител. Имено тој му помогнал да се спаси од бедата и насилството со помошта на музиката…

Овие лекари се поклонуваат пред 8 годишно дете кое умира после тешка траума на главата, но пред тоа ги подарило своите органи. Неговата жртва спасува 4 човечки животи.

Дете со својот татко алкохоличар…

Руски војник, точно пред да започне битката кај Курск.

“Последната прегратка“ или фотографија направена после земјотресот во Бангладеш.

Гробовите на католичка и протестант. Тие биле семејство но им било забрането да бидат погребани заедно.
