
Ако вашата мајка имала стрии, голема е веројатноста дека и вие ќе ги имате. Но нема причини за паника или загриженост, бидејќи постои решение како да се ослободите од нив.
Со првилна исхрана и одржување на нормална телесна тежина може многу да направите. Ако имате вишок на килограми, време е да ги изгубите. Пронајдете вежби во кои ќе уживате, внесувајте хранливи влакна од овошјето и зеленчукот, кои треба да се основа на вашата исхрана (влакната помагаат во подоброто согорување на мастите во текот на варењето на храната), исто така послужете се со трикови со кои ќе го забрзате метаболизамот- како на пример зачинета храна и зелен чај.
Важно е и внесувањето на доволно течности, треба да внесувате најмалку осум чаши вода дневно. Тоа не само што ќе ви помогне во намалувањето на апетитот (понекогаш кога чувствувате глад, вие всушност имате потреба од течности), туку со тоа ќе имате и хидратизирана и мека кожа со што се спречува настанувањето на стриите.
Во борбата против стриите нема потреба да трошите многу пари на најразлични креми, кога идеален третман можете да си подготвите сами дома. Ви предлагаме да ја направите следнава домашна паста против стрии, која верувамде дека ќе ви ги даде саканите резултати:
Состојки:
¼ чаша путер од какао
1 лажица масло од сусам
2 капсули витамин Е
2 чаши рендан восок
1 лажица екстракт од ванила
Подготовка:
Сите намирници добро промешајте ги на тивок оган. Откако ќе се олади смесата, нанесете ја на областа на која имте стрии, па нежно измасирајте го местото.
Користете ја кремата секојдневно, и се надеваме дека ќе делува и кај вас.