
Ратлер ја побарал Агилера за сопруга за време на одморот што го минале во тропските предели на празникот Свети Валентин во петокот. „Ме праша и реков – да” , напишала Аилера и попатно се пофалила со својот веренички дијамантски прстен.
Двојката е заедно од пред четири години, кога се запознаа на снимањето на филмот „Бурлеска” во кој глумеше Кристина Агилера, а Метју Рателр беше еден од асистентите на продукцијата. Минатата година тие заедно купија куќа во Лос Анџелес за 10 милиони долари.
За Агилера ова е втор брак. Од првиот, со музичкиот продуцент Џорадан Братман од кого се разведе пред три години, има шестгодишен син.
