
Според информациите од повеќе извори, новиот Galaxy S5 ќе има 5,24 инчен екран на допир со неверојатна QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Со ова телефонот би ја „скршил” бариерата од 500 ppi (pixels per inch – густина на пиксели) и би имал неверојатни 560 ppi.
Понатаму, се очекува телефонот да има поголема, 3,200 милиамперска батерија, споредено со 2,600 милиамперската на Galaxy S4. Најверојатно ќе добиеме и поголем простор за складирање на податоци, односно верзии со 32 гигабајти и 64 гигабајти интерна меморија.
