Мурињо: Фудбалерите ќе ми завидуваат поради Јагуарот!

popara18 февруари, 201419min00
23

Менаџерот на Челси, Мурињо станал глобален амбасадор на моделот Јагуар F тип, а воедно и прв сопственик на купе верзијата на овој автомобил во Велика Британија.

На свечаната конференција за новинари, на Мурињо му биле врачени клучевите на најмоќната варијанта F тип, со 5 литарски V8 мотор со компресор. Моторот е во состојба да произведува 550 кс и 680 нм обороти.

Моите фудбалери ќе бидат љубоморни кога ќе го видат со оглед на тоа дека планирам да го возам кога ќе одам на тренинг со екипата – изјавил славниот тренер и горд сопственик на најновиот спортски Јагуар.