
Фаталната Русинка Ирина Шајк, манекенка по која лудува светот, а за која полуде и Кристијано Роналдо, не престанува да мами воздишки со своето неверојатно тело.
Ирина од 2007 година ја краси насловната на специјалното издание на Sport Ilustrated, па затоа и била присутна на забавата по повод 50 години од постоењето на престижното списание.
Синиот фустан во кој се појавила го нагласува нејзиниот тен, крој складен на фигурата, кој го истакнува совршено нејзиниот сексапил.
Високите штикли носат потпис на Лобутин, што за неа зборува дека е личност која води сметка за секој детаљ.


