
Добитникот кој сакал да остане анонимен, го погодил сите броеви од добитната комбинација – 1, 17, 34, 35, 49 и 54 во играта којашто се приредува во повеќето американски сојузни држави.
Добитното ливче е уплатено на бензинска пумпа во предградие на Сан Франциско. Добитникот може да го подигне целиот износ од 242,2 милиони долари или да се согласи на вкупната добивка од 425 милиони кои би му биле исплатувани во рати следните триесет години.
Во јуни 2013 година 84-годишна жена од малото гратче Зефирхилс на Флорида стана добитник на рекордната премија во историјата на оваа лотарија што ја освои едно лице во износ од 590,5 милиони долари, но подигна 370,8 милиони долари.
Најголемиот џекпот на Powerball во износ од 656 милиони долари се падна во март 2012 година, но тогаш оваа премија ја поделија три лица од сојузните држави Илиноис, Канзас и Мисури.