
Оваа технологија има потенцијална примена во видеоигрите и мапирањето на затворен простор што би го олеснило самостојното движење на личностите со слаб вид, пренесува BBC.
Компанијата понуди 200 прототипови на експерти за развој на апликации.
Сензорите на овој уред вршат повеќе од 250.000 3D мерења во секоја секунда и ја обновуваат својата позиција во реално време.
„Ние сме физички суштества кои живеат во тридимензионален свет. Но, нашите мобилни уреди претпоставуваат дека физичкиот свет завршува во границите на нивните екрани. Целта на проектот Tango е мобилните уреди да стекнат човечки осет за простор и време. Подготвени сме да ги претставиме првите прототипови во рацете на истражувачите кои можат да ги согледаат можностите и идеите со оваа технологија во реалноста “, стои во соопштението на Google.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Qe10ExwzCqk#t=0