
Кога Бејл дознал за случајот на 21-годишниот стрип фанатик Ден Хамонд кој боледува од рак, решил да му ја даде својата поддршка на момчето. Семејството и пријателите на Ден оставаат креативни пораки на Facebook профилот Dan’s Our Man, а потегот на Бејл ги надмина сите.
Актерот за случајот на момчето дознал од негова роднина и паролата Dan’s Our Man ја напишал на своето лице барајќи да му ја испратат фотографијата на Ден во вид на поддршка порачувајќи дека ова е „за вистински суперхерој”, пренесува Huffington Post.
Мајката на Ден вели дека семејството ја прегледува Facebook страницата, затоа што им се забавни позитивните и креативни пораки на луѓето.