
Музиката за песната ја направија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а аранжманот и продукцијата се дело на Дарко Димитров. Текстот за македонската верзија го изработи Елена Ристеска, додека за англиската верзија со наслов „To the Sky” се погрижија Елена и Дарко, во консултација со Лаура Роска од Романија.
„Многу верувам во песната, сигурна сум кога ја пеам и сигурна сум во добар пласман”, вели Тијана.
Изборот на песна за Евровизија оваа година се одржува во Копенхаген, Данска од 6-ти до 10-ти мај. Македонија настапува во второто полуфинале на 8-ми мај и ќе го забележи своето 14-то учество на најгледаното музичко шоу на стариот континент.
httpv://www.youtube.com/watch?v=j7Fe6Wf2vlo#t=45