
Љубовното писмо кое го си го размениле првачињата во САД станало вистинска интернет сензација, а одговорот на малата Ешли ги освои срцата на многумина.
Симпатичното писмо започнува вака: “Драга Ешли, дали сакаш да ми бидеш девојка? Премногу ми се допаѓаш.”
Заљубеното момче храбро и понудило три опции: Да, не и можеби, со молба да избере една од трите.
Сепак следел шок за 7-годишниот автор на писмото, Ешли без размислување заокружила – “Не”. Меѓутоа, писмото не завршува тука. Ешли допишала дека кога ќе раскине со момчето Кајл, тој ќе биде нејзиниот прв избор.
“П.С. Тоа веројатно ќе биде за месец, два” – го охрабрила своето идно момче на крајот од писмото.
Писмото на основците станало вистински интернет хит, а досега има повеќе од 1 милион прегледи.
Од коментарите вреди да се издвои следниот: “Жена која знае што сака? Одлично изведено. Се надевам дека ќе ги задржи добрите навики и кога ќе остаре”.
