
Идејата на софтверот Пхеме е да ги одвои шпекулациите и лагите од вистината, а истражувачите велат дека тоа можат да го направат со лоцирање на твитови и постови, да ја проценат нивната искреност и да се пријават резултатите во реално време.
Иницијативата е финансирана од страна на ЕУ, а причина е големиот број на лажни постови во 2011 година, за време на бунтот во Лондон.
Се поставува прашањето дали тоа значи дека овој софтвер ќе знае да препознае и различни преработки во Фотошоп.
– Нема да ги анализираме фотографиите, така што ниту промените нема да бидат детектирани, бидејќи технички тоа е многу попроблематично, изјави еден од истражувачите на Универзитетот во Шефилд.
Се очекува овој софтвер да биде подготвен за тестирање за околу 18 месеци, а новинарите ќе го пробаат први.
Лажните твитови ќе бидат поделени во четири категории – шпекулација, контроверзно, погрешна информација и дезинформација.