
Фуџимото открива дека Ким бил плејбој опседнат со Холивуд, филмови за Џејмс Бонд и американски рок ѕвезди, кои ги забранува во својата земја.
Како што вели тој, во земјата каде милиони умирале од глад, растењето на идниот водач било како нешто од филмовите.
-Секогаш суров, често се тепаше со својот постар брат и тетките о нарекуваа „мал генерал”. Првиот автомобил, блиндираниот „мерцедес”, го добил за седмиот роденден, а обожавал кошарка и холивудски филмови, посебно оние со Клинт Иствуд и Џејмс Бонд. На 14 години добил две јахти, а тогаш почнал да пуши, што криел од таткото, некогашниот лидер на Северна Кореја. Исто така, во тие години го открил алкохолот, а најмногу сакал руска вотка и можел да испие цело шише сам- вели Фуџимото и додава дека кога наполнил 18 години, неговиот татко му дозволил да го користи неговиот храм со тинејџерки, но бил разочаран од неговиот мал ентузијазам кон девојките.
Инаку, според традицијата на Северна Кореја, приватниот живот и животот на неговото семејство се чуваат во строга тајност, па сега многумина се загрижени за безбедноста на Фуџимото.