Стравичен пожар во воени складишта во Русија, евакуирани десетици илјади лица

popara3 јуни, 20111min00
164402488
Најмалку 30 лица биле повредени во пожар во воени складишта, кој предизвикал серија експлозии, во руската република Удмуртија, рано утринава. Меѓу повредените има и едно дете, јавуваат руските медиуми, пренесува Нетпрес.
“Досега 30 лица побараа лекарска помош. Меѓу повредените има и едно дете“, изјавил претставник на руското министерство за вонредни ситуации.
Моментно евакуирани се десетици илјади лица, од вкупно 14 населени места во околијата на воените складишта, јавува Итар-Тасс.
Прво биле евакуирани жителите на градот Агриз во Татаристан, кој е лоциран на околу три километри од границата со Удмуртија. Овој град брои околу 20.000 жители. Над 2.000 лица биле евакуирани од селото Пугачово, кое се наоѓа веднаш до воената база на руската армија. Властите наредиле евакуација на сите жители во радиус од четири километри околу складовите кои горат.
Според последните информации, во пожар се 18 складишта за артилериско оружје и муниција, а огнот се раширил на околу 150 други објекти. Руските власти смируваат дека засега пожарот не ги опфатил складиштата со нуклеарно оружј. Од серијата експлозии, предизвикани од пожарот, биле искршени прозорци на згради и куќи во радиус од 9 километри.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag