
Оваа девојка која работи како продавачка во маркет кревала тешки кутии без мака, дури и еден ден истрчала маратон, но не почуствувала никакви болки.
Ме разбудија бодежи во стомакот, па отидов во тоалет. Се чувствував како некој да ме прободува со нож. Се вратив во кревет, но околу пет наутро се влоши состојбата. Во тоалет во седечка положба не ми беше добро, поради што станав. Во моментот кога се напнав, бебето само излезе од мене, раскажа новопечената мајка, која потоа паднала на подот и почнала да плаче.
За неочекуваната принова се израдувале и нејзините родители, а изненадувањето било најпријатно за таткото, со кого Гејнор се забавувала околу една година.
Инаку, девојката во текот на бременоста имала редовен циклус и се здебелила само 6 килограми.