
Алкохолот влијае на нашата личност на многу начини. Некои луѓе стануваат радосни, некои агресивни или импулсивен, некои пак почнуваат да плачат… Влијанието на алкохолот врз мозокот е она што одредува како ние ќе се однесуваме откако ќе испиеме малку повеќе, а нашите емоции многу ретко во овие ситуации остануваат недопрени.
Откако алкохолот ќе влезе во организмот, мала количина од него преку желудникот оди во крвта, додека поголемиот дел се апсорбира додека минува низ тенкото црево.
Пред да стигне до црниот дроб, алкохолот веќе ја има поминато мозочната бариера, што значи дека тој може да стигне до мозокот директно преку нашата крв. Во тој момент, веќе се забележуваат промените во однесувањето и размислувањето.
Алкохолот е депресант, но тоа не значи дека повременото пиење ќе не’ направи „психолошки“ депресивни. Алкохолот започнува хемиска реакција што ја забавува активноста на централниот нервен систем кој е одговорен за толкувањето на знаците кои нашите „сензори“ ни ги испраќаат до нас, моторните способности, размислувањето, расудувањето и емоциите.
Откако оваа бариера ќе се скрши, алкохол се сместува во крајниот дел на нашиот мозок, церебралниот кортекс. Одовде алкохолот го забавува нормалниот тек на невротрансмитерите во мозокот, што доведува до променети околности на функционирање. Прво нешто што се менува се нашите „кочници“, кои вообичано кортексот без алкохол ги држи под контрола.
Како што продолжуваме да пиеме, стануваме зборлести, самоуверени и нашиот „здрав разум“ полека слабее и поинаку суди. Тоа значи дека дошло времето кога во ова „мешавина“ се вклучиле и другите делови на мозокот.
Кога алкохол ќе стигне до лимбичкиот систем, шест внатрешни структури сместени под мозокот, за кој се верува дека го претставува емоционалниот дел на мозокот и е одговорен за нашите емоции, однесувањето и долгорочна меморија поминуваме во состојба на официјално пијани.
Како и во кората на мозокот, алкохолот ги прекинува електричните сигнали помеѓу синапсите – што води до фактот дека ние не сме во состојба да ги протолкуваме информациите на вистински начин.
Кога алкохолот ќе стигне до лимбичкиот систем, кој ги контролира нашите емоции, ние сме под влијание на променето расположение и засилени чувства. Ова се манифестира во нашето погрешно разбирање на намерите на поединци (што е најчеста причина за тепачките во кафаните), засилени емоции (најчеста причина за почеток или крај на врските додека сме пијани) или кажување на некои работи кои се непристојни или правење на нешто за што подоцна ќе жалиме.
Бидејќи лимбичкиот систем е одговорен за создавањето на сеќавањата, ако претераме со алкохол може да се случи наредниот ден да не се сеќаваме на она што сме го кажале или направиле доцна синоќа.
Нашите „пијани“ емоции често се „надградена“ верзија на нашата трезна личност – ако некој е среќен, алкохолот ќе го направи уште посреќен, а ако по природа е склони кон ексцеси, тоа ќе биде најдобро за него да пие безалкохолни пијалаци.