Во Египет откриен гроб стар 3500 години!

popara5 март, 20141min00
3

Археолозите откриле гроб стар речиси 3500 години кој му припаѓал на управител на кралските фарми и поданик на фараонот од 18та династија, објавиле во вторникот од египетското министерство за културно наследство.

Гробот го откриле египетски, шпански и италијански археолози кои работеле на наоѓалиштето во Луксор, јужен Египет.

Му припаѓал на Маију, висок функционер во 18та династија, која владеела со Египет пред 3500 години. бил задолжен за кралските фарми и за магацините со храна, објавува министерството.