
„Снимањето ќе започне во април и ќе трае повеќе од 4 месеци. Дејството ќе се снима во Њу Орлеанс, Сан Франциско и Лос Анџелес. Многу се радувам што ќе бидам дел од филмската екипа, бидејќи последниот пат кога се снимаше продолжението не добив улога бидејќи бев гувернер на Калифорнија. Но, сега се вратив и повторно ќе го глумам Терминатор. Сценариото е навистина фантастично”, вели актерот.
Режисер на филмот ќе биде Алан Тејлор, а сценариото е на Патрик Ласиер и Џејмс Камерон. Покрај Шварценегер, во филмот ќе се појават Емилија Кларк, Џеј Кортни, Џејсон Кларк и Бојд Холбрук.
Премиерата за филмот е закажана за 1 јули 2015 година.
