
Бентли Тун има само 2 години, а веќе е херој благодарение на стручната употреба на видео повикот на Ајфон со што ја спасил својата мајка после напад на куче.
Неговата мајка Лаура ги шетала своите 2 кучиња, кога во еден момент едното го нападнало другото, а таа се обидела да ги раздели, при што и самата таа настрадала.
Ги молев ќерките да повикаат помош, имаат по 4 години но се плашеја да го земат телефонот, бидејќи беше испрскан со мојата крв – раскажува Лаура од Аризона.
Мајката продолжила да губи крв и имала чувство дека наскоро ќе се онесвести. Но тогаш Бентли ја спасил ситуацијата.
Мојот син го зеде телефонот, ја избриша крвта и ја повика мојата пријателка преку апликацијата Фејс Тајм – раскажува Лаура.
httpv://www.youtube.com/watch?v=2Xoj_VercrA