
Овен
Жените Овни можат да бидат вистинска досада за мажите. Доколку фрли око на несреќникот, а на него му се случи да одбие женска понуда, тогаш таа навистина физички се наметнува. Едноставно таа мора да го добие она што го сака. Своите закани лесно ги остварува бидејќи неретко овие жени се со машка градба, широки рамена и тесни колкови. Нејзиниот стил е агресивен, а пристапот директен. Таа сака да го има, а посебно ќе биде среќна ако таа прва го направи.
Бик
Долго ќе мудрува и ќе крои планови како да го заведе. За таков чекор најчесто се одлучуваат разведените или на оние кои бракот не им овозможува среќа и задоволство. Ќе го запримети во рестораните или слаткарниците каде ќе свати дека тој е вистинскиот човек за неа. Упорно од ден на ден ќе му биде се поблиска, а тој ќе почувствува така одеднаш дека нечии нови раце го милуваат.
Близнаци
Овие жени многу зборуваат и со својата елоквенција во состојба се да го завртат скоро секој маж. Се разбира нивниот неодолив шарм нема да запали ,на пример кај сериозниот и карактерниот Јарец, но затоа сите други може лесно да ги улови. Тие се толку уверливи што можат да направат мажот да заборави како се вика, со денови да ги чека дома, а мораат да одат на некој состанок и на крајот со малку зборови да завршат во неговите прегратки.
Рак
Од овие жени едноставно не треба никој да се плаши. Ретко се случува жената Рак да почувствува потреба на некого да му се наметнува. Доколку тоа и го направи тогаш страда нејзиниот сопруг. Тоа толку ретко се случува да воопшто сопругот на жената рак не треба да се плаши. Желбата за наметнување ќе му остане исклучиво во нејзината фантазија. Таму таа редово на некого му се наметнува и го малтретира се додека не го види во реалноста, тогаш за кратко се предомислува.
Лав
Кај има бука и галама таму ќе ја најдете и Лавицата. Неа одма ќе ја препознаете бидејќи ќе биде одговорна за тоа. Доколку одговарате на нејзините замисли и покажете само малку интерес-готови сте. Нејзиниот силен сексуален нагон и желбата да владее со мажите ќе ја запечати вашата судбина. Освојувањето ќе биде агресивно, а тоа ќе и прави големо задоволство.
Девица
Овие жени имаат попаметни работи отколку да бркаат мажи. Таа е мирна и ладна и само понекогаш мала искра на еротика и страст ја заигрува нејзината душа. Доколку се случи тоа, Девицата сигурно претходно ќе пресмета дали и се исплаќа да превземе таков чекор. Доколку пресметките и се исплаќаат тогаш преминува во акција. Нејзиниот стил ќе биде циничен, а за евентуалниот неуспех, се разбира ќе ги обвини другите.
Вага
На овие убавици не им е тешко да освојат било кого. Во прашање е само времето и количината на шминка која треба да ја употребат. Секако дека е важен и вербалниот фактор, но тоа и не е така пресудно. Тие постојано ќе мерат дали тој е доволно добар или има некој уште подобар. Кога таа ќе се подготви за напад, нападот може да се спречи само со бегање.
Шкорпија
Страствени се и секогаш желни за љубов. Освен што редовно на некого му се наметнуваат тоа тие го прават редовно и на тие кои се под нејзина контрола. Кога таа ќе му го фрли окото на некого шансите за бегство се минимални. Агресивноста и борбата ќе бидат пропорционални во однос со состојбата на неговата сметка. Напаѓа експлозивно и незгодно, а особено е опасна за оние кои ќе и се спротивстават.
Стрелец
Жените Стрелци имаат посебна техника на пристап кон мажите. Тие се отворени и пријателски расположени кон секого, без разлика дали повеќе или помалку му се допаѓаат. Доколку мажот го прифати фактот дека нејзиното деколте е премногу отворено, а нејзините нозе препровокативни, а уште ако се почувствува заведен, тоа е само негов проблем. Доколку таа навистина посака да го има едноставно ќе го зграпчи.
Јарец
Овие жени не знаат што е тоа наметнување, ваквите афинитети ги користат на други места. Тие се верни и редовно несреќно се заљубуваат. Но, понекогаш и таа може да почувствува потреба за лов. Во своите настојувања знае да биде досадна и упорна, а покрај тоа што сака да го искористи, ќе ја весели и тоа, што ќе му ја растури врската. Вистинско задоволство и е да гледа како жртвата и објаснува на својата жена каде бил вчера.
Водолија
Овие жени лесно можат да го добијат мажот кој ќе го посакаат. Нивниот шарм и неконвенционалното однесување лесно ќе ја намамат жртвата, а потоа само со малку тактика ќе ја донесат до крајот. Се започнува како добро пријателство и симпатично дружење, да со време целиот случај заврши во кревет. Кога дечкото тоа ќе го свати веќе ќе биде касно.
Риби
Рибите се навистина посебни, ретки се оние кои во нив немаат најдено ништо привлечно. Многу мажи и се приближуваат, таа со сите со задоволство се дружи и секогаш постои иницијатива. Ретко сама тргнува во акција бидејќи во меѓувреме полна е со фантазии и сонови. Но доколку на тоа се одлучи, доволно е да види само добар автомобил и да ја промени одлуката. Ваквата состојба често може да трае и долго.