Знаци кои ќе ви покажат дека тој сака да раскине со вас!

popara4 април, 20151min00

Кога на врската ќе почне да се ближи крајот, мажите обично покажуваат некои од овие знаци..

Критикување

За што и да зборувате, што и да направите, нему му пречи. Му пречи и како јадете, што не пропушта да ви го каже во текот на заедничкиот оброк. Поради секоја ваша забелешка ве гледа загрозено, а вие сакате да имате нормална обострана комуникација. Му пречи и што дванаесет години сте биле заљубени во некој си актер. Секој ден, се повеќе неговите тенки нерви се претвораат во затегната низа.

Недостаток на секс

Маж без секс? Нема шанси. Врска без секс? Исто. Можеби сте помислиле дека би требало да му предложите стручна помош, но пред тоа обратете внимание дека тој „тоа“ не го прави на некое друго место. Прашајте го отворено што не е во ред. Ако почне да измислува некои банални причини.. тука нема место за шега.

Рамнодушност

Се договоривте за викенд излегување. Се будите, сабота. Цел ден сте го испланирале. Дури му припремате и вечера, изненадување поради кое два часа сте барале на нет некој егзотичен рецепт. Толку прекрасно сте расположени што на Фејсбук лајкувавте се. Меѓутоа, тој некаде доцна попладне ве повикува и се ви откажува.

Повлечен е, не е посветен како порано

После првиот бакнеж, постојано излегувавте во град заедно, разговаравте, озборувавте.. Измислувавте причини да се јавите еден на друг. Ок, можеби со текот на времето интензитетот на посветеност се намалува, но ако тоа прерасне во кулирање, тогаш е сериозен показател дека иако без голема драма, емоции повеќе не постојат.