
Секој може да има лоша недела, но ако овие работи ви траат подолг период, тогаш дефинитивно нешто не е во ред со вашата врска. Време е да се прашате што не чини!
Доколку мобилниот престане да ви ѕвони
Сигурно се уште ги паметите првите денови и недели од врската кога си пишувавте пораки и не можевте да прекинете со јавувањата – само за да си го слушнете гласот. Сосема е нормално врската да се смени со времето но ако на партнерот не му пречи тоа што не сте се виделе неколку денови време е да реагирате. Прашајте го што му се случува…дали имате иднина заедно. Можеби тој ве одбегнува затоа што не сака да разговара со вас за крајот на врската. Не секој е способен на културен начин да стави крај.
Доколку не постои редовен контакт
Ако партнерот ви посветува се помалку и помалку внимание тоа е затоа што други работи му станале поважни од вас. Па затоа одвојува се помалку време за вас. Да, секој може да биде зафатен со обврски, но тоа не е оправдување да не одвојува барем малку време за личноста која ја сака.
Доколку нема јавни изливи на емоции
Имате право да се сомневате ако тој не ги покажува чувствата во јавност. Ако не добиете ниту еден бакнеж или допир, време е да размислите за вашата врска. Ако држењето за раце е работа од минатото тогаш веројатно е и вашата врска.
Доколку почне да крие некои работи
Ако влезете во собата на партнерот и тој веднаш го исклучува интернетот, ако не одговара на телефонските повици додека е со вас, ако дознаете дека тој излегол, а не ви кажал тогаш нешто не е во ред. Ако имате чувство дека тој крие нешто од вас, веројатно сте во право и крајот на врската може да се случи секој момент.
Доколку вашите заеднички пријатели почнат да се однесуваат чудно
Ако забележите дека заедничките пријатели се резервирани кон вас тогаш нешто чудно се случува. Можеби причината за тоа е фактот дека тие знаат нешто што вие не. Тие се наоѓаат во незавидна ситуации и поради тоа не знаат како да се однесуваат кон вас.
Доколку се карате многу често
Во секоја врска има мали несогласувања, но ако вие постојано имате жестоки кавги верувајте дека наскоро врската ќе ви заврши. Време е да разговарате на мирен начин за да успеете да дознаете што се случува меѓу вас.
Доколку повеќе ништо не е доволно добро
Не можете да го задоволите партнерот колку и да се трудите. Комплиментите веќе припаѓаат на минатото, само незадоволството останало. Ова е добар знак дека повеќе не функционирате добро и дека можеби повеќе нема чувства меѓу вас.
Ако неговиот изглед почне да се менува
Кога луѓето сакаат да го сменат начинот на живот ја прават најлесната работа – го менуваат надворешниот изглед. Нова фризура, облека и претерана нега на телото укажува дека тој веројатно сака да задоволи некоја друга.
Доколку немате што повеќе да си кажете
Ако тој го загуби интересот за вас и не е подготвен да ве слуша, треба да се загрижите. Уште позагрижувачки е ако тој престане и за неговите активности да ви кажува. Ако забележите дека тој не ги споделува неговите авантури со вас и тишината е се поприсутна во врската, тогаш имате добра причина да се запрашате за иднината на врската.
Доколку немате планови за иднина
Ако вашите заеднички планови одеднаш почнат да се променуваат, тогаш веројатно тој си прави сопствени во кои вие не сте вклучени. Ако вашата иднина стане табу тема тогаш е време да направите сериозен муабет со него.
Може се уште да има надеж ако се соочите со ваквите проблеми брзо. Но како и да е, безнадежно е да се задржувате за врска која одамна е завршена. Треба да направите сериозен муабет со него и да го најдете најдоброто решение за двајцата. Веројатно сте свесни дека само љубовта не е доволна за опстанокот на една врска.