Музиката нè лечи?

popara3 јуни, 20111min00
happy-girl-listening-music

Не треба да се изненадите доколку во блиска иднина во канцеларијата на вашиот лекар слушнете силна весела музика. Судејќи по се, не е далку времето кога докторите наместо апчиња ќе ни препишуваат музички листи.

Истражувањата покажале дека музиката толку длабоко влијае на човековото тело и психа, со што заслужува посебна гранка во алтернативната медиција – музикотерапија.

Оние кои “леачат“ со мелодии тврдат дека помагаат на симптомите кои се јавуваат во текот на лечењето од канцер, на децата со нарушено внимание, лицата со психички проблеми, но и на многу други.

Некои болници на запад одамна во ходниците пуштаат музика, за да им помогнат на пациентите.

 

Неколку благодети од музиката:

Мозочни бранови

Истражувањата покажале дека музиката со силен ритам може да ги стимулира мозочните бранови и истите да се синхронизираат, брзите ритмови носат поостра концентрација, а спората музика пак може да ве доведе во состојба на медитација. Истражувањето исто така покажало дека бенефитите од музиката се чуствуваат и откако ќе ги тргнете слушалките од вашите уши.

Дишењето и отчукувањата на срцето

Со промените на мозочните бранови, се доаѓа до промена на целото тело.  Функциите кои се контролирани од автономниот нервен систем, како дишењето и чукањето на срцето, исто така се менуваат во склад со музиката. Тоа значи дека бавната музика го забавува дишењето и отчукувањето на срцето и обратно.

Состојба на умот

Музиката се користи за да го направи човекот попозитивен и оптимистичен и да го држи подалеку од депресивните мисли и анаксиозност.

Други бенефити

Музиката го намалува крвниот притисок, го зајакнува имунолошкиот систем, ја опушта мускулната напнатост. Исто така, лесните мелодии ги ублажуваат ефектите од хроничниот стрес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag