Веста дека српската министерка за правда Снежана Маловиќ го потпишала налогот за екстрадиција на Ратко Младиќ на Хашкиот трибунал, ја објави таа самата на прес конференција на англиски јазик, во звучна хорор верзија. Маловиќ зборувала на англиски, читајќи од српски.
Со оглед на тоа дека министерката не знае да зборува на англиски, морале да и го напишат говорот на хартија како да ги изговара англиските зборови.