
Хрватската полиција соопштила дека возач на една македонска транспортна фирма, во четвртокот од граничната контрола на излезот од Хрватска побарал лекарска помош за 28-годишна девојка која добила породилни болки.
На патот кон болницата во хрватскиот град Винковци, 28-годишната македонска државјанка во 9 часот наутро во возилото на Брза помош родила девојче. Мајката и бебето се наоѓаат во болницата во Винковци.