
Истрагата потврдила дека еден или повеќе грабнувачи преземале контрола над авионот, како и дека барем еден од нив има солидно искуство како пилот. Тој знаел да ги исклучи комуникациските уреди и да го одведе авионот надвор од предвидениот курс.
Засега нема информации каде би можел да биде однесен авионот ниту пак дали стигнал до таа дестинација.
Главен доказ кој ги навел истражувачите да заклучат дека е киднапирање е тајмингот на откажувањето на сигналите. Прво престанал транспондерот, а десет минути подоцна откажал системот за пораки. Таквата голема разлика меѓу откажувањето на двата уреди значи дека не се случила катастрофа во која сите инструменти би прекинале веднаш.
Сепак, се уште не е извесно кој го извел грабнувањето и каква е судбината на авионот.