
Отккао шефот на нарко мафијата Дарко Шариќ беше уапсен утрово со заедничката акција на државните органи на Србија и Црна Гора, тој во придружба на полиција допатувал со авион на белградскиот аеродром од каде е префрлен во оделението на МВР, а после тоа во Специјалниот суд.
Полицијата почнала да се занимава со шефот на нарко мафијата уште во 2000 година поради перење пари, а прв пат во медиумите се појавува во 2009 година кога агенциите соопштиле дека полицијата на Урагвај запленила 2,8 тони кокаин.
Шариќ кој за прв пат е уапсен како малолетник 1988 година ќе се појави пред суд на 24 март кога е закажано продолжение на судењето на припадниците на неговата криминална група кои се теретат за шверц на 3 тона кокаин.
httpv://www.youtube.com/watch?v=tupCdTw-NBQ