Претседателот на Google ја осуди владата за шпионирање на интернет!

popara20 март, 20141min00
google-fiber-logo-door_610x435

„Многу сум вознемирен од тоа што владата на САД го сторила сето тоа тајно и не водејќи сметка за неопходноста да бидеме запознаени со тоа. Јас не мислам дека живееме во едно демократско општество, доколку треба да ги заштитуваме оние коишто го користат интернетот”, изјави Пејџ на конференција за иновации (Ted) во Ванкувер.

Како што додаде, тој не ги отфрла аргументите дека интересите за осигурување на национална безбедност бараат од NSA и другите разузнавачки агенции да вршат електронски надзор. Сепак, според челникот на Google, јавноста мора да ги знае параметрите на таквата активност, како и зошто вработените во NSA се занимаваат со шпионирање.

„Владата, бидејќи сето тоа го правела во тајност, си нанесе штета самата себеси. Треба за тоа да зборуваме отворено, инаку демократијата нема да функционира”, истакна Пејџ.

The Washington Post во вторникот објави дека американската NSA развивал технички систем за следење на електронската комуникација кој овозможува да се прислушуваат апсолутно сите телефонски разговори во една земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *