
Да сакав да го срушам владиниот авион тоа и ќе го направев без проблем! Толку глупости и невистини се напишани за мене и моето семејство – самоуверено и опуштено изјавил лидерот на нарко картелот.
Настанот се случил 14 фебруари 2013 кога премиерот Дачиќ бил во службена посета на Ирска. Еден час пред поаѓање на авионот заменик директорот на безбедносно-информативната агенција БИА, Драган Марковиќ Маркони, дал информација дека е возможна диверзија на владиниот авион кој треба да полета од Даблин и во кој се наоѓал Дачиќ.
Шариќ не ја скрил ни огорченоста кон двајцата претставници на бившата и сегашната власт во Србија кои ги нарекол “лажговци кои го продале“.
Сите нивни имиња Шариќ ги обелоденил. Раскажувал доста и за својот брат Душко. Тој за него е светиња и му е криво многу што е во затвор. Колку е лут на дадени српски политичари како и поединци од црногорската полиција. Дополнува дека неговиот Душко го апселе истите оние полицајци кои се дружеле со него – тврди изворот близок на владините структури.