
Музичко бил убиен со истрели од огнено оружје. Истиот извор наведува дека Москва се уште не е официјално известена за неговата смрт.
Музичко, кој бил познат и под името Сашко Били, се наоѓал на листата на најбарани криминалци од страна на руската влада и бил на меѓународна потерница поради учество во напади врз руската војска, пренесува агенцијата „Итар – Тасс”.
Против него покрената била кривична постапка, откако руски истражители утврдиле дека убил повеќе од 20 руски војници.
Музичко е убиен од огнено оружје со два истрели во срце, а неговата облека била искината, јавува „Униан”.
„Додека го возел својот автомобил бил пресретнат и блокиран од две возила. Напаѓачите го извлекле од возилото, му ги врзале рацете зад грб, а потоа го тепале, по што со огнено оружје два пати му пукале во срце”, изјавил Александар Динијн претставник во Врховната Рада.