Хаос во Каиро: Студенти растргнале плавуша во розе маичка! (видео)

popara26 март, 20141min00
Хаос во Каиро: Студенти растргнале плавуша во розе маичка! (видео)

Атрактивната плавуша предизвикала хаос во Универзитетот во Каиро кога на факултет се појавила во розе маичка и фармерки. Девојката буквално не можела да помине од мажите кои ја заобиколиле, зјапале во неа, дофрлале, свиркале…Дури била приморана да се скрие во тоалетот бидејќи студентите наводно почнале да ја дрпаат обидувајќи се да ја расоблечат.

Сето ова го снимиле безбедносните камери и кога видеото било поставено на социјалните мрежи се огласил и деканот на факултетот кој изјавил дека девојката е сама виновна бидејќи на факултет дошла провокативно облечена.

Неговата изјава предизвикала осуда ширум светот поради дискриминација на жените, па подоцна истиот јавно се извинил и образложил дека погрешно го цитирале.

httpv://www.youtube.com/watch?v=g6MoRl40Smw