За неа нема зима: Сандра Африка се почастила со ново БМВ!

popara26 март, 20141min00
6

Српската пејачка Сандра Африка која напорно работи секој викенд се початила со нов луксузен автомобил, а се работи за БМВ Х6. Иако опасната економска криза удри по паричникот на многу естрадни ѕвезди, изгледа дека Сандра нема таков проблем.

Без разлика што има богат дечко, Сандра доволно заработува и сама и тврди дека сама си го купила новиот џип.

Сама си купив роденденски подарок!  – напишала пејачката на својот профил.

Иначе цената на овој убавец изнесува 50 000 евра и повеќето познати личности не можат да се пофалат со ваков миленик во својот возен парк.