
Трајче Ѓоргиев е осмо одделение во училиштето „Никола Вапцаров“ во Струмица. Мирен и скромен ученик кого го интересира се она што и другите момчиња на негова возраст. Посветен е на учењето, дел е од неколку секции во училиштето, сака фудбал.. Но она што го разликува Трајче од останатите е неговиот голем музички талент. Пее одлично, а ако се има предвид неговата возраст и неговите планови во иднина уште многу ќе се надоградува, а тогаш успехот е загарантиран.
Му благодариме на Трајче, неговите родители, другарите и соучениците за соработката и поканата да снимаме и одблиску да Ве запознаме со неговиот голем талент, како и на Хотел Вила Парк за локацијата каде е снимено видеото.
Струмица Денес и понатаму ќе продолжи да ги претставува талентите во градот за кои малкумина чуле. Сега уживајте во изведбата на Трајче на песната When I was your man од Бруно Марс:
httpv://www.youtube.com/watch?v=bFLBkSN9qLk