Лукијан: И пред финалето знаев дека Даниел ќе победи!

popara27 март, 20141min00
1

Лукијан не е разочаран што го освои четвртото место на натпреварот. Младиот музичар тврди дека од самиот почеток знаел дека Даниел Кајмакоски е победник, бидејќи е најдобар од сите. Лукијан во моментов се одмара со семејството, а за неколку дена продолжува со работа на својата нова песна, во што му помага и неговата менторка Емина.

Дали е фер тоа што Кристина Ковач уште пред финалето изјави дека Даниел е победник?

Откако слушнав како Даниел пее, знаев дека тој ќе победи. Едноставно тој е зрел, има искуство е дефинитивно е најдобар вокал за оваа сезона.

Дали си разочаран затоа што не победи, а беше фаворит на многумина?

Не сум разочаран, презадоволен сум со својот пласман. Кога се натпреварувате, некој мора да победи. Ја почувствував сцената, атмосферата во Арена, за мене тоа е доволно.

Многу познати личности беа сигурни дека ти ќе победиш…

Секој финалист е посебен и го заслужува тоа место. Најголема награда на овој натпревар е токму подршката на познатите, кои ме подржаа и со кои ќе продолжам да соработувам. Имам 21 година, животот е пред мене.

Najbolji... Daniel Kajmakoski