
Многу корисници на Фејсбук напишале дека никогаш не би си дозволиле да го уништат своето тело како оваа жена, а гордата мајка им одговорила…
Мајката на две близначиња објавила фотографија каде се гледа како ги дои своите малечки. Иако станува збор за прекрасен чин, доење на деца, оваа жена била бомбардирана со негативни критики. Главната замерка на оние на кои не им се допаднала фотката била дека “не изгледа убаво“.
Уметноста не секогаш подразбира нешто што ги задоволува само естетските критериуми! Понекогаш е потребно на луѓето да им се претстави реалноста! – одговорила мајката на близнаците.
Вака изгледа животот после журките, откако ќе заврши периодот на лудите тинејџерски години. Чистата кожа, слабото тело и слободното време не траат засекогаш…објаснува мајката која се обидела да ја објасни и оваа страна на мајчинството – можеби нема естетика, но е реална.
Стриите, брчките, пелените се последица од желбата да ги направиш своите деца среќни, бидејќи ги сакате повеќе од својата удобност, и своето убаво тело. Мојот живот е прекрасен, иако мојот стомак е уништен! – дополнува мајката.
Нека им служи на чест на сите оние кои ја критикувале оваа жена! Дали се свесни што кажале?
