Магиите и вештеризмот во Романија стануваат легални професии!

popara27 март, 20141min00
Witchcraft-stuff

Иако им е загарантирано дека никој нема да ги пали поради нивното занимање како во инквизиторското време, романските вештерки сметаат дека со оваа одлука никако не се во добивка бидејќи ќе мора да плаќат данок за своите услуги.

Во иста категорија со нив се најдоа уште неколку професии меѓу кои и досега неоданочуваните астролози и возачки инструктори.

За оваа одлука се дебатираше неколку месеци, вештерките протестираа, а медиумите се исмеваа особено после одложувањето на првичниот датум за спроведување на ова оданочување откако наводно некои лица во владата се уплашиле од заканите за црна магија доколку ја изгласаат оваа измена во законот.

И веќе има најави за конкретни планови од страна на вештерките: на порталот realitate.net, вештерката „Братара” се закани дека ќе направи магија со помош на црн бибер и квасец која ќе предизвика раскол во романската влада.