
Потребни состојки:
300 гр. мелено месо,
1 јајце,
презла,
неколку кисели крставички,
200 гр. шунка,
печурки,
200 гр. кисела павлака,
200 гр. кашкавал,
маслиново масло,
вегета, црн бибер, мајчина душичка
Подготовка:
Од меленото месо, јајцето и презлата правите смеса за ќофтиња и ја зачинувате со вегета, црн бибер и малку мајчина душичка. Формирате ќофтиња, да не бидат мали само и тенки, ги ставате во намрсен плех во рерна да се печат, десетина минути на 180-200 степени.
Во меѓувреме, крставичките ги сецкате ситно, печурките, исто и шунката, им ја ставате павлаката и ги мешате да се соеднат во една убава, симбиозна смеса.
Ги вадите ќофтињата од рерна и им ставате по една лажица од смесата врз нив, а врз неа по едно парче од претходно исечениот кашкавал ( на подебели парчиња) и ги враќате во рерна уште некои 10-15 мин, да се допече месото. Ова може да го сервирате со претходно сварен зеленчук.