Зошто му пишуваш порака? Никако, никако, избриши го тоа: „Ми недостасуваш“. Драги дами, не правете ја најголемата глупост на универзумот, не праќајте порака на бившиот.
Имајте на ум дека него тоа не го интересира дали си осамена или тажна. Ако го интересирало не би те оставил. Да вреди не би бил бивши. Да е вистинскиот не би плачела поради него. Сето ова плус милион ситници кои сама можеш да ги додадеш. Па додади ги, не престанувај, затоа што ако престанеш со набројувањето, ќе паднеш во искушение да му се јавиш.
Еве уште една причина зошто не треба да се праќат пораки на бившиот. Тој вака размислува: Ја оставив, сфаќам дека пати. Бев заљубен, но јас сум фраер, можам да најдам поубава и не ми е време за сериозна врска. Така да.. живеам, уживам, се зезам.. Охоо, ми стаса порака. Она: „Ми недостасуваш“. Види, не ме преболела. А можеби би сакала да се видиме понекогаш, онака да се присетиме на старите денови. Крај на приказната!
Мажите не умеат да читаат меѓу редови, а од друга страна ни да сфатат, очигледно. За нив бело е бело, но кога бившата љубов ќе се јави, тоа нему му е моментално сигнал да може во главата да креира илјада варијанти за зезање. Се јави значи, не ме преболела.
А сите тие мисли кои ги опседнуваат девојките пред да притиснат „send“. Толку мислење за ништо. Тој таа порака нема да ја цени и само ќе му го подигнеш егото.
Не постои шанса да го вратиш така што ќе му испраќаш пораки. Шансата се добива преку разговор очи во очи, спомените се враќаат кога двајца се спремни повторно да се погледнат во очи, да се врати сјајот и пламенот на љубовта која горела во вас.
Агонија е тоа што не чека откако ја испратиме пораката. Чекањето убива, а тој баш како за инает нема да ви одговори веднаш. Или па воопшто!
Најтешкиот дел во оваа приказна е всушност да се помириш со тоа дека вие двајца никогаш нема да бидете тоа што сте биле. Тој нема да биде оној дечко вреден за љубов и сега никаков одговор нема да може тоа да го промени. Знам дека кога би добила потврден одговор, во момент на очај секоја девојка би се вратила во прегратката, но подоцна, кога се смират емоциите и се сумираат чувствата, се’се врати на своето, а после некој период ти посакаш да му вратиш се поради што си плачела и страдала.
И така, се случи и тоа, а ти забораваш на смислата, забораваш на љубовта, а сето тоа поради една испратена порака.
Не отварај нова тема во книга во која нема продолжение. Па и да има, копијата не може никогаш да биде подобра од оригиналот, а тој никогаш не може да ја имитира нежноста така добро како што ја емитува вистинската љубов.
На крај краева сепак не требало да му ја испратиш пораката, иако тоа си го направила, како што сите ние го правиме, па дури тогаш ќе сфатиме.