Доколу сакате да изгледате помлади, имаме неколку мали совети за вас. Секојдневната нега за зрела кожа и неколку техники за шминкање може да направат чудо на вашето лице. Со текот на годините линијата на усните се стеснува. Затоа се препорачува наместо темни кармини да користите светли тонови, светло виолетови или светло розови во зависност од вашиот тен. Се препорачува да користите сјаеви, затоа што сјајот визуелно ги зголемува вашите усни и тие изгледаат по полни. Користете лажни трепки. Но, не претерувајте со големината, сепак треба да изгледате помалди а не постари. Користете молив за очи, црн или кафен. Исртајте го надворешниот агол на окото, така ќе добиете лифтинг – ефект. Ставете коректор на подочниците и пудра како би ги покриле брчките. Но, внимавајте на количината. Со поголема количина на пудра може да добиете спротивен ефект. Ставете и руменило на образите. Со добар сон, позитивно расположение и убава фризура, резултатот ќе биде очигледен.