Љубевен хороскоп 2015: На некои среќници љубовта им се насмевнува во првата половина! Дали е тоа вашиот знак?

popara18 јануари, 201517min00
9

ОВЕН

Љубовни проблеми  ќе ги следат Овните во јануари и февруари и затоа тие ќе имаат пречки да го освојат срцето на саканата личност. Но затоа од март до мај ќе надоместат за се и ќе уживаат во љубовта. Чувството на оптимизам ќе ги следи до јуни, август и ноември кога зафатените, но оние слободните ќе уживаат во прегратките на партнерот. Доколку сте во брак, првата половина на годината ќе ви помине во караници и нервози.

БИК

Ако сте сами, првата половина на годината ќе ви донесе љубов со некој кој ќе го запознаете на работното место. Поволни месеци ќе ви бидат април, јуни, јули и септември, кога голем број на оние кои не се во врска ќе ја најдат нивната идеална половина. Оние кои се во врска ќе имаат реална можност за стапување во брак. Внимавајте во октомври и ноември бидејќи тие се кризни љубовни месеци.

БЛИЗНАЦИ

Може да имате флерт на работно место кој ќе биде причина за оговарање кај колегите, но ќе знаете како да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Првата половина од годината ќе имате силно влијание на Марс, кој во вашиот живот може да ви ја донесе вистинската љубов, особено во март, мај или јуни. И втората половина  на годината ќе биде успешна за вас и ќе ги зацврстите врските и браковите.

РАК

Во првата половина на годината ќе имате семејни нервози и караници, но се ќе заврши со смирување и нови почетоци. Нови љубовни врски се можни во јануари, февруари, април и јуни, а летото ќе го паметите по жешка авантура на одмор. Некои од вас ќе запознаат зрела и постара личност кој ќе ви даде мир и стабилност, особено во октомври и ноември.

ЛАВ

Во првата половина на годината е можна тајна врска со некој кој е зафатен, но набрзо ќе излезете од ваквиот однос. Нови љубовни почетоци се можни во мај, но она најубавото ве очекува во втората половина на годината кога весникот на среќата Јупитер влегува во вашиот знак. Во текот на мај, август, септември, ноември или декември можно е да започнете прекрасна врска.

ДЕВИЦА 

Веќе во јануари или февруари можна е љубов која ќе ве остави без здив, а ниту во мај и јуни нема да останете без љубовни можности. Доколку сте во љубовна врска, одлично ќе се сложувате со партнерот. Во втората половина на годината можно е повторно да биде со некој од минатото, а голем број од вас можно е да влезат во врска со некој кој е зафатен. Љубовна среќа ве очекува во текот на септември, октомври и ноември.

ВАГА

Марс во вашиот знак во текот на првата половина од годината ќе го зголеми вашето либидо, па ќе бидете страстни заљубени. Во текот на март и јуни можна е врска со личност која брзо ќе ве освои, но внимавајте од вашата брзоплетост. Октомври за многумина ќе биде фатален, бидејќи е можна голема заљубеност и среќа, а исто така и во ноември, кој ќе ви биде наклонет.

СКОРПИЈА

Сатурн и понатаму е во вашиот знак, па ќе бидете многу избирливи, ќе ве привлекуваат одговорни и зрели поединци. Најмногу шанси за нови љубовни почетоци ќе имате во јануари, февруари, април, јули и август, а кога Јупитер во втората половина од годината ќе влезе во вашето поле на работа, тогаш е можен флерт и на работното место со влијателна личност. Среќа во љубовта ќе имате и во септември и во октомври.

СТРЕЛЕЦ

Поволниот Марс и влијанието на Јупитер, ви упатува дека целата година ќе ви биде особено успешна во љубовта. Оние во врска би можеле да се венчаат, а оние во брак одлично ќе се согласуваат со партнерот. Во текот на март, мај и август, можна е врска со некој кој ви е пријател, додека во втората половина од годината ќе се заљубите во некој преку интернет, на летување или некое патување.

ЈАРЕЦ

Ако сте во сериозна врска, во текот на првата половина од годината можно е да планирате венчавка или стапување во брак. Некои многу ќе се заљубат уште во јануари или февруари, а прилика за романса ќе имате дури во април, мај или септември. Страста која ја чувствувате кон некој кој ви е привлечен, потполно ќе ви го помести разумот за време на октомври или декември, но добро проверете дали таа личност е за вас.

ВОДОЛИЈА

Ова ќе биде година на големи чувствителни пресвртници, па во втората половина од годината ќе планирате веридба, брак или потомство. Во текот на првата половина од годината ќе ви се допадне професионално успешна личност, а прилики за флерт и нова врска ќе имате во текот на март, април и јуни. Во текот на летото ќе имате брачни кризи и напнатости, но се ќе си дојде на свое место во септември и октомври.

РИБИ

Најдобри љубовни прилики ќе имате во првата половина од годината, кога Јупитер ќе ве води на патеките на љубовна среќа. Нова љубов е можна во јануари, февруари, април или мај, па ќе се најдете во посакуваната прегратка. Втората половина од годината ви носи можност за врска со личност која ќе ја запознаете преку работата. Особено убави месеци за љубов се октомври, ноември и декември.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag