На што укажува зголемениот вагинален секрет

18 јануари, 20150
20

Вагиналниот секрет се јавува веќе кај новородените девојчиња и тоа е нешто што ги прати жените во текот на целиот живот.

Вагиналниот секрет по правило е кисел, бидејќи неговата PH вредност изнесува 4, а во таква средина не опстануваат микроорганизми кои се развиваат во болест. Но, кога ќе се поремети киселоста на вагиналниот секрет, тогаш доаѓа до размножување на микроорганизмите, а за да се одбрани од нив, телото лачи поголема количина на вагинален секрет, кој повторно нема нормална PH вредност, а за тоа време микроорганизмите се размножуваат сè повеќе.

Зголемениот секрет не мора секогаш да означува постоење на инфекција, а заблуда е дека секретот се зголемува само после некоја полова болест. Второто може да биде случај само во 4 и 5-та група секрети (објаснети подолу), а кај останатите групи, појавата на секрет не зависи од сексуалниот контакт.

Сепак, штом забележите дека вагиналниот секрет станал обилен, обратете се кај вашиот гинеколог заради поставување на вистинската дијагноза и евентуална терапија.

Постојат 6 основни групи на секрет:

1 група: се јавува кај женските новороденчиња

2 група: се јавува кај девојчињата пред пубертет и кај постарите жени

3 група: се јавува кај сексуално активните жени и е прилично честа појава, а според количината на бактерии и габички, кои се причинители на инфекции, оваа група е поделена на 3b, 3c и 3d.

4 група: се јавува кога станува збор за бактеријата Gonococ, од која се развива болеста гонореја. За среќа оваа болест е искоренета кај нас, па оваа група на секрет ретко се сретнува.

5 група: се јавува кај жените инфицирани со еден вид на паразит кој се нарекува Trichomonas vaginalis.

6 група: се сретнува кај жените во чиј секрет е пронајдена габата Candida, која е многу честа, а може да се најде и кај девојките кои сè уште не биле сексуално активни.

Важно е да се напомене дека броевите со кои се означуваат групите на секрет не го означуваат степенот на инфекцијата. На пример, групата 6 е прилично распространета и честа, а не мора да значи дека нејзиниот причинител е сексуален контакт. Оваа група често се јавува кај дијабетичари, трудници, жени со опаднат имунитет, после терапија со антибиотици и тн.

Како се открива инфекција?

Причинители на инфекцијата можат да бидат и микроорганизми, кои по својата структура се наоѓаат помеѓу вируси и бактерии, а тоа се: кламидија, микроплазма и уреаплазма. Тие не можат да се откријат со помош на обичен брис кој се прави во амбулантите, туку со помош на брис кој се прави во специјалистичките гинеколошки ординации и лаборатории.

Секако, зголемениот вагинален секрет може да го предизвикаат и вирусите, како што се цитомегаловирусите, папилома вирусите и останати, а треба да се нагласи дека многу од нив се канцерогени.

Во последните неколку години сè поприсутен е папилома вирусот (HPV) кој предизвикува кондиломи, а во полоши случаи и канцер. Причината за тоа е честото менување на сексуални партнери и незаштитениот секс.

Симптомите карактеристични за појава на зголемен вагинален секрет се црвенило во пределот на вагината, сврбеж, пецкање, специфична миризба на секретот, а понекогаш и боја. Лечењето зависи единствено од видот на причинителот.

За 1 и 2-та група лечење не е потребно, кај 3b групата се лечат само жените, а кај останатите – 3c, 4, 5 и 6-та група се лечи и партнерот.

За 5-та група карактеристичен е пенлив, жолтеникаво-зелен секрет кој има исклучително непријатна миризба и кој често, доколку не се реагира на време, предизвикува потешки компликации во смисла на воспаление на јајниците, слузокожата на матката, а кај трудниците може да предизвика и пукање на водењакот.

За 6-та група карактеристичен е сирест секрет, како и зачестен сврбеж и пецкање во пределот на вагината. По воспоставената дијагноза, гинекологот одлучува за орална или вагинална терапија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi