
Импресивната актерска екипа е составена од Силвестер Сталоне, Џејсон Стејтам, Џет Ли, Долф Лундрен, Арнолд Шварценегер, Харисон Форд, Антонио Бандерас, Мел Гибсон, Тери Крус, Кенан Лац, Глен Пауел и други.
„The Expendables 3″ го режира Патрик Хјуз, по приказна и сценарио на Силвестер Сталоне. Филмот ќе се појави во кината на 14-ти август, а приказната е следна:
Стоунбенкс (Гибсон) порано бил оден од спонзорите на бандата, но со тек на време се покажал како закана со која Барни (Сталоне) мора да се справи, и затоа го убил. Но Стоунбенкс не е мртов – сега си дава за задача да ја уништи групата. За да се соочи како што треба со него, Барни воведува нови лица во нивниот тим.
httpv://www.youtube.com/watch?v=5bPJrbzjLls