
Летерман јавно го најави пензионирањето во вчерашната емисија на шоуто. Како што кажува, пред почетокот на емисијата му се јавил на извршниот директор на телевизискиот канал CBS, Лесли Мунвес, и му рекол: „Лесли, беше прекрасно, ти беше прекрасен и телевизијата беше одлична, но заминувам во пензија”.
Иако веќе извесно време се шпекулираше за неговото пензионирање, вчера беа потврдени сите гласини. Дејвид Летерман ќе се пензионира следната година.
„Само еден е Дејвид Летерман. Неговата големина никогаш нема да биде заборавена и ќе остане еден од најголемите во оваа работа. Навистина е тешко да се каже збогум на ваков човек. За среќа, нема да мора да го направиме тоа уште цела една година “, рекол Мунвес за него.
Потсетуваме дека Летерман го води шоуто „Late Show with David Letterman” последните 22 години од неговата кариера, а претходно 11 години беше водител на шоуто „Late Night” на каналот NBC.
httpv://www.youtube.com/watch?v=H9eYkpgeeI8