Овој сатели има задача да создаде услови за мониторинг на системот „Коперникус”, чија цел е да овозможи побрза и подобра комуникација за време на природни катастрофи и нивна превенција.
Агенцијата објавила дека сателитот полетал во вселената со ракета која била лансирана од територијата на француска Гвајана, доцна во четвртокот.
Овој сателит заедно со другите пет сателити кои допрва треба да бидат испратени во вселената, треба да собираат информации и да ги испраќаат до станиците на земјата кои ќе продолжат со понатамошна нивна обработка.
Од следната година би требало да се забрза протокот на информации кои ги собира сателитот, бидејќи собраните информации ќе бидат испраќани на Земјата со помош на специјални капсули кое ќе се наоѓаат во вселената